Свет

Австралија го ограничи купувањето алкохол

02 Apr 2020

Потрошувачите во Австралија можат да купат најмногу 12 шишиња вино, 2 пакувања од по 24 лименки пиво и 2 литра алкохолен пијалак.

Оваа мерка е воведена откако потрошувачите панично почнаа да купуваат, поради стравот од недостиг на алкохолни пијалаци во ек на пандемијата со вирусот корона.

Очигледно, неизвесноста во снабдувањето ги поттикна купувачите поинаку да пазаруваат, соопшти Здружението на продавачи на алкохолни пијалаци.

Според официјалните податоци, продажбата на алкохол на глобално ниво е зголемена за 86 отсто. Извештајот на СЗО од 2018 година покажува дека просечен Австралијанец, постар од 15 години, просечно пие по 10,6 литри алкохол годишно, за разлика од 15,2 литри во Молдавија и 15 литри во Литванија.

Извор: b92.net



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...