Свет

„Џонсон & Џонсон“ ги објави резултатите за 2019 година

04 Feb 2020

 „Џонсон & Џонсон“ ги објави резултатите во четвртиот квартал, како и финансиски резултати од извештајот за цела 2019 година. Компанијата планира пораст на продажбата и заработка во наредната, 2020 година. 

Во последниот квартал продажбата на светско ниво порасна за 1,7%, на 20,7 милијарди долари. На ниво на цела 2019 година, продажбата е зголемена за 0,6%, на 82,2 милијарди долари. 

Со влезот во 2020 година нашите стратешки вложувања ќе бидат насочени кон унапредување на нашите цели и двигатели на иновациите во целото портфолио производи, тоа значи и подобро позиционирање на компанијата, со што сакаме да им овозможиме на акционерите долгорочен одржлив пораст и вредност, истакна Алекс Горски, главен извршен директор на „Џонсон & Џонсон“.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...