Француски „Интермарше“ го претстави новиот систем на означување Franco-Score, како поддршка на земјоделството во земјата.
Системот на означување Franco-Score ги прикажува француските суровини што се содржани во суровите и преработените производи од приватните трговски марки. Логото е во облик на мерач, изразен во проценти, кој дава информации за географското потекло и за местото каде што се преработуваат производите.
Од „Интермарше“ објавија и дека ќе вложат 6 милиони евра за создавање линија под брендот PorSi во Португалија. Половина од 1.000 производи, колку што ќе го сочинуваат асортиманот, ќе бидат произведени во таа земја.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.