Свет

„Мегле“ го продаде уделот во „Салцбург милк“

15 Jan 2020

По повеќе од 20 години, германската млекарница „Мегле“ го продаде својот удел од 41,65 отсто во „Салцбург милк“, на три салцбуршки сопственички задруги. 

Од „Мегле“ соопштија дека овој потег е направен од стратешки причини. 

Третата најголема млекарница во Австрија сега е во 100 процентна сопственост на производителите на млеко. 

„Салцбург мил“ добива млеко од околу 2.600 добавувачи. Неодамна вработи уште 350 работници. Последниот промет на млекарницата забележан во трговскиот регистар за 2018 година беше 221 милион евра. Според очекувањата, прометот во 2019 година треба да изнесува околу 230 милиони евра. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...