Свет

„Карфур“ ќе испорачува производи до дома за половина час

17 Jul 2019

Францускиот синџир „Карфур“ потпиша договор со шпанската иновативна компанија „Глово“ за заедничка соработка во сегментот „услуга до дома“, со цел успешно да им конкурира на трговците како „Амазон“ и некои домашни компании. 

„Карфур“ и „Глово“ ќе соработуваат во Франција, Шпанија, Италија и Аргентина, а услугите за достава ќе ги понудат најдоцна до почетокот на есенва. Целта е порачаниот производ да го достават до купувачот за најмногу половина час од порачката. 

Традиционалните маркети ширум светот во последно време често ги здружуваат силите со онлајн партнери како „Амазон“ и слични трговци, бидејќи се зголемува бројот на потрошувачи кои бараат испорака на производот до својот дом. 

„Казино“, главниот конкурент на „Карфур“ во Франција, веќе стана партнер со „Амазон“, а „Маркс&Спенсер“ оформи заедничка компанија со „Окадо“. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...