Свет

Поморот на пчелите го загрози производството на мед во Франција

28 Jun 2019

Пропаѓањето на колониите пчели поради климатските промени и користењето инсектициди значи уште една лоша година за производството на мед во Франција, предупредија француските пчелари.

Пчеларите во целата земја алармираат за состојбата бидејќи нивните пчели умираат, а производството на мед е во опасност.

Пчелите ништо не може да соберат! Првиот дел од сезоната беше катастрофален. Потрошувачите мора да бидат на готовс, оваа година ќе биде многу тешко да се најде француски мед“, предупреди претседателот на земјоделско здружение МОДЕФ. 

Производство на мед опаѓа неколку години наназад. Уште во 2017 годинасе предупредуваше на лошите состојби во пчеларството. 2016 година беше една од најлошите во историјата, сo произведени само девет илјади тони, во споредба со вообичаените 18-20 илјади тони. годишно

Франција е петти производител на мед во ЕУ. Другите големи производители, како што се Шпанија, Романија, Полска, Унгарија, Грција и Италија, бележат големи флуктуации во производството.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...