Свет

„Алибаба“ ќе излезе на берзата?

29 May 2019

Кинескиот гигант на полето онлајн трговијата, „Алибаба Холдинг“, размислува за котација на акциите на берзата во Хонг Конг.

Така би се собрале до 20 милијарди долари, пренесоа кинеските медиуми. 

Извори упатени во ситуацијата изјавиле дека компанијата работи со финансиски советници на планираната понуда на акции, а целта на котацијата е диверзификација на изворите на финансирање и зголемување на ликвидноста.

„Алибаба“ би излегла на берзата во Хонг Конг во втората половина на оваа година. 

Компанијата на нејзината рекордна иницијална јавна понуда на акции на берзата во Њујорк, во септември 2014 година, собра 25 милијарди долари.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...