Свет

„Кока-кола“ претстави лимитирано издание шишиња инспирирани од „Војна на ѕвездите“

30 Apr 2019

„Кока-кола“ дизајнира специјални пакувања за најпопуларните пијалоци кои од 31 мај ќе бидат достапни во тематските паркови „Војна на ѕвездите“ во Дизниленд, Калифорнија, и во „Светот на Дизни“ во Орландо, Флорида.

Лимитираните шишиња на „кока-кола“ пијалаците во форма на сферични топки се дизајнирани да се вклопат и да останат верни на естетиката на „Војна на ѕвездите“. Така на пример, името и логото на брендовите на „кока - кола“ на амбалажата се испечатени во Aurebesh, букви на галактички “основниот” јазик карактеристичен за овај научно - фантастичен серијал.

Соработката на „кока-кола“ и „Дизни“ е овековечена и со видео спот во кој ликовите на „Војна на ѕвездите“ се освежуваат од ладилник полн со пијалоци од овој бренд. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...