Свет

Франција забрани адитив што го има во чоколадото и во мастиките

19 Apr 2019

Од следната година во Франција ќе стапи во сила забраната за употреба на супстанцата титаниум диоксид во прехранбените производи. 

Станува збор за адитивот Е 171, што се користи во различни намирници вклучувајќи ги и чоколадото и гумите за џвакање.

Деталната контрола на адитивот започна во 2017 година, откако беше објавена студија за ефектите на титаниум диоксидот врз здравјето на животните. Истражувањата, спроведени од францускиот национален институт за агрикултура, покажале дека супстанцата минува преку ѕидот на цревата и доаѓа до другите делови на телото. Од Агенцијата за здравје и безбедност е соопштено дека засега нема доволно докази кои би потврдиле дека адитивот Е 171 е безбеден за користење во исхраната на луѓето.

Француската влада објави дека за одлуката ќе биде известена и Европската комисија и останатите земји - членки на ЕУ.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...