Свет

„Унилевер“ го купува индискиот бизнис на ГСК

12 Dec 2018

„Унилевер“ постигна договор за купување на индискиот бизнис со храна на компанијата „Глаксо Смит Клајн“ (ГСК), вклучувајќи го и познатиот млечен пијалак Horlicks.

Трансакцијата вредна 3,4 милијарди евра подразбира преземање на портфолиото на здрава храна и пијалаци на ГСК во Индија. „Унилевер“ соопшти дека износот од 3,3 милијарди евра ќе биде платен во готовo и во акции во претпријатието „Хиндустан Унилевер лимитед“ (ХУЛ).

Од ГСК изјавија дека очекуваат нето-приходот од договорот, по данокот и трошоците, да изнесува околу 2,7 милијарди евра, а неговиот удел во ХУЛ ќе изнесува околу 5,7%.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...