Ретко издание шкотско виски е продадено за повеќе од 1,1 милион долари во Единбург, што го прави најскапо шише виски на светот продадено на некоја аукција.
Шишето виски Macallan Valerio Adami од 1926 година го купил приватен колекционер од Азија преку телефон. Оваа продажба го сруши претходниот рекорд на истата аукциска куќа, поставен во мај, кога уште едно шише од овој алкохолен пијалак беше продадено за нешто повеќе од милион долари во Хонгконг.
Ова виски било грижливо складирано пред да биде ставено во шише во 1986 година. Експертите го опишаа со зборовите „Свет грал“. Најсериозните светски колекционери ќе чекаат уште години пред вакво шише повторно да стигне на пазарот.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.