Свет

„Лаваца“ го превзема „Марс дринкс“

02 Oct 2018
Италијанската „Лаваца груп“ го превзема „Марс дринкс“, со што ќе ја продолжи стратегијата за ширење во сите сегменти на пазарите на кафе во повеќе земји во светот.​
 
Аквизицијата ќе ѝ овозможи на „Лаваца" да го прошири своето глобално влијание.
 
Оваа аквизиција совршено се вклопува во нашата стратегија за меѓународно ширење и зацврстување на позициите на клучните пазари. Трансакцијата со компанијата „Марс инкорпорејтед“ е во склад со заедничките визии и вредности кои ги делиме како блиски компании,силниот фокус во кој го ставаме квалитетот на нашите производи и лојалноста од нашите вработени и соработници, изјави извршниот директор на „Марс дринкс".
 
Со овој договор, кој треба да стапи на сила на крај на годинава, „Лаваца" ја превзема работата на „Марс" во Северна Америка, Германија, Обединетото Кралство, Франција, Канада и Јапонија. Вредноста на „Марс дринкс" е околу 650 милиони долари. „Марс дринкс" вклучува брендови како Flavia и Klinx, а станува збор за апарати за кафе наменети за во канцеларии.


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...