Свет

Германија: „Едека“ го проширува асортиманот на приватни трговски марки

16 Jan 2025

Трговскиот синџир „Едека“ кој е дел од групацијата „Реве“, ја соопшти веста за ширењето на својот асортиман на приватни трговски марки.

Компанијата ги претстави новитетите во рамките на приватната трговска марка Edeka Herzstücke, како што се пченкарните галети со вкус на карамела и малина, како и леб со сусам и кумин.

Проширен е и асортиманот на Edeka Bio кој сега вклучува над 750 производи, меѓу кои е новиот органски намаз од лешник и суви сливи.

Германската компанија неодамна ја го прошири и својот асортиман на  GUT&GÜNSTIG со лансирање на „топчињата кафе“, за машините „КафееБ“, кои се сѐ популарни во Германија.

Топчињата се направени од чисто пржено кафе и прекриени се со слој на растителна основа кој не содржи пластика или алуминиум, при што целосно може да се компостираат и разложат во хумус во рок од неколку недели, соопштуваат од компанијата.

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Едека“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...