Свет

САД: „АБ Инбев“ со помош за погодените од ураганите

14 Oct 2024

Производителот „АБ Инбев“ донираше над 125.000 лименки со вода за граѓаните на Флорида кои се погодени од ураганите Хелена и Милтон.

Додека заедниците низ југоистокот се соочуваат со катастрофалните последици од ураганот Хелена, „Анусер – Буш“, активно ги подржува напорите за помош и закрепнување на широкиот регион. Заедно со нашите партнери во големопродажбата и со американскиот Црвен крст, работиме на тоа да обезбедиме чиста, безбедна вода за пиење за заедниците кои се погодени од ураганот, соопштуваат од компанијата.

Покрај донациите за Флорида, компанијата донираше и над 250.00 лименки со вода во Северна и Јужна Каролина, како и над 34.000 лименки со вода за Џорџија.

Ураганот Хелена за кој се верува дека е најсмртниот тропски циклон после Катарина од 2005 година, на крајот на септември ги погоди жителите на југоистокот на САД, при што посебно беа погодени граѓаните на Флорида, Џорџија, Тенеси и Северна и Јужна Каролина.

После ураганот Хелена следеше ураганот Милтон кој во средата го достигна врвот, предизвикувајќи поплави во Тампа, Ст. Питерсбург, Сарасота и Венеција.

Со оваа донација компанијата се приклучи на листата на компании кои им помогнаа на граѓаните кои беа погодени од ураганите, како што се „Амазон“ кој донираше над 1,2 милиони намирници и „Волмарт“ кој донираше 10 милиони долари.

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Анеусер – Буш“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...