Свет

Германија: „Метро Аг“ во третиот квартал бележи пораст на продажбата

19 Aug 2024

„Метро Аг“ во третиот квартал од финансиската година бележи зголемување на продажбата од 3,4% на 7,98 милијарди евра.

Од групацијата соопштуваат дека сите продажни канали придонеле во овој пораст, вклучувајќи ја и испораката „Фуд сервис дистрибушн“, како и онлајн продажбата која најмногу се истакнува.

Коригираниот ебитда за овој период изнесува 327 милиони евра, што е во благ пад во однос на претходната година кога изнесувал 332 милиони евра.

Нашиот мултиканален деловен модел го покажува својето влијание во „Метро“ и успеа да го до одржи нашиот пораст во третиот квартал од 2023/24 година, покрај инфлацијата и доцнењето на почетокот на летната сезона поради лошите временски услови. Сегментот на достава повторно бележи значителен двоцифрен пораст достигнувајќи го рекордот на продажбата со 26%, изјави извршниот директор на „Метро АГ“, Стефен Греубел.

 Сепак, на основа од регион по регион, „Метро“ објави дека домашниот пазар во Германија, продажбата падна за 2,4%, а компанијата како една од потенцијалните причини го наведе „подоцнежниот почеток на летната сезона, поради лошите временски услови“. Прилагодената ЕБИТДА во Германија се зголеми на 41 милион евра, од 36 милиони евра во периодот од претходната година.

Што се однесува до операциите во Западна Европа, продажбата падна за 0,6% во третиот квартал, додека ЕБИТДА беше 191 милиони евра (К3 2023: 195 милиони евра).

Во меѓувреме, во Русија, продажбата се зголеми за 13%, при што ЕБИТДА се зголеми за 8 милиони евра. Источниот сегмент на „Метро“ на сличен начин забележа силни перформанси, при што продажбата се зголеми за 9,1% во локална валута, а ЕБИТДА се зголеми од 89 милиони евра на 106 милиони евра.

Конечно, сегментот на одделот „Метро“ маркети забележа пораст на продажбата на 77 милиони евра, наспроти 60 милиони евра претходната година.

Трансформацијата на нашите објекти за големопродажба и растот на нашиот онлајн пазар исто така добро напредуваат. Реорганизацијата на Управниот одбор на „Метро АГ“ од јуни 2024 година ни носи моќен тим за уште поефикасно унапредување на стратегијата и реализација на нашата агенда и амбиции за 2030 година, изјави Гројбел.

 

Извор: InStore

Фото: „Метро АГ“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...