Свет

Германија: Пад на извозот за 3,4 отсто

08 Aug 2024

Според германскиот сојузен Завод за статистика „Дестатис“, вредноста на извозот во јуни во Германија бележи пад за 3,4 отсто, или на шестомесечен минимум од 127,7 милијарди евра.

Како што се наведува од „Дестатис“, извозот во земјите од ЕУ во јуни паднал за 3,4 отсто во однос на претходниот месец на 69,7 милијарди евра, а извозот во т.н. трети земји за 3,5 отсто или на 57,9 милијарди евра.

Германскиот извоз во САД има пад за 7,7 отсто на меѓугодишно ниво, а пад имало и на извозот во Русија за 3,2 отсто, и Велика Британија за 0,6 отсто, додека извозот во Кина е во пораст за 3,4 отсто.

Ако се анализираат податоците за првите шест месеци од годинава, германскиот извоз паднал за 1,1 отсто на 798,8 милијарди евра во споредба со истиот период од 2023 година. „Дестатис“ објави дека според прелиминарните проценки новите фабрички нарачки во Германија на месечно ниво во јуни биле во пораст за 3,9 отсто.

Домашните порачки во Германија на месечно ниво пораснале за 9,1 отсто, а порачкиет за странство за 0,4 отсто, соопштуваат од „Дестатис“, а пренесува „Танјуг“.

 

Извор: Politika

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...