Групацијата „Черноголовка“ најави дека од септември ќе прекине со производство на храната за бебиња под брендот Heinz и ќе лансира нов бренд под името Gipopo.
Како што соопштува генералната директорка на групацијата, Наталиа Сакхина, целта на лансирањето на новиот бренд е да се обезбеди континуитет во рецептурата, во квалитетот на прозводот и во дизајнот на пакувањето.
Новиот бренд ќе се произведува во две фабрики во кои досега се произведуваа производите на Heinz, а првите производи на пазарот се очекува да бидат лансирани во август.
Во март годинава, „Крафт Хајнц“ прифати да и го продаде на „Черноголовка“ производството на храна за бебиња во Русија.
Одлуката за продажба е комерцијална одлука и е во најдобар интерес за нашите луѓе и локалните заедници кои се основаат на локална дистрибуција и производство на храна за бебиња. Продажбата овозможува да можеме да продолжиме да ги одржуваме виталните производи од храната за бебиња достапниза сите, изјави портпалот на „Крафт Хајнц“ за „Ројтерс“.
Извор: retail.ru
Фото: „Черноголовка“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.