Свет

Германија: „Кауфланд“ го проширува асортиманот на вегански производи

25 Jul 2024

„Кауфланд“ го прошири  својот вегански асортиман „К тејк ит веги“, за речиси 20%, со што бројот на производи од овој асортиман пораснал за повеќе од сто.

Како новитети во овој асортиман се веганскиот пармезан, лосос и веганските стапчиња од сирење, соопштуваат од компанијата.

 Нашата цел е да на секој купувач да му го обезбедиме вистинскиот производ за исхрана. Луѓето кои јадат веганска и вегетаријанска храна се важни и се група на купувачи кои се во пораст. Всушност, поради таа причина пред седум години го лансиравме „К тејк ит веги“ и побарувачката на нашите купувачи за овие производи оттогаш е во постојан пораст. Со овој асортиман сакаме на купувачите да им овозможиме секој ден да купуваат производи на растителна основа, како и да ги инспирираме да пробаат нови јадења, изјави Оливер Шмитц, генерален директор за набавка во „Кауфланд“

Минатата година, компанијата ги намали целите на веганските произоводи за да бидат еднакви со цените на месните производи и да им се овозможи на потрошувачите да ги купуваат овие производи по пристапни цени.

Неоднамна организацијата „Повег“ како дел од истражувањето на цените направи споредба на потрошувачката кошничка која содржи дванесет производи на растителна база со кошничка која содржи дванаесет производи од животинско потекло. Направениот извештај откри дека „Кауфланд“ нуди најинспиративна кошничка со растителни производи, со посебни ниски цени на растителното млеко и вегански плескавици.

 

Извор: ESM magazine

Фото: „Кауфланд“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...