Свет

Велика Британија: На „Амазон“ му се заканува истрага поради прекршување на Кодекс

12 Jul 2024

Регулаторното тело „Гросерис код адјукатор“ (ГКА) му се закани на „Амазон“ дека ќе поведе истрага после наводите од страна на добавувачите дека компанијата не се придржувала на Кодексот за пракса во снабдувањето на намирници.

Како што соопштува Марк Вајт од „ГКА“ помалку од половина од добавувачите кои биле испитани на анкетата на  „ГКА“ веруваат дека „Амазон“ работи согласно со Кодексот. Како резултат на тоа, перцепираната оценка за „Амазон“ за ускладеност со Кодексот паднала од 59% на 47%.

 Од регулаторните тела посочуваат дека компанијата мора да презема брза акција за да го докаже придржувањето на Кодексот.

Нема да се двоумам да започнам формална истрага доколку е соодветно и неопходно за да се осигурам дека „Амазон“ ги третира своите добавувачи праведно и законски. Ги охрабрувам добавувачите да продолжат доверливо да ми кажуваат за проблемите што ги имаат со „Амазон“, изјави Вајт.

 Многу сме разочарани од овие резултати и посветени сме на нивно подобрување. „Амазон“ го сфаќа Кодексот многу сериозно и имаме цврсти процедури за усогласеност за нашите добавувачи. Спроведовме голем број подобрувања во нашата соработка со добавувачите на намирници од минатата година, воведувајќи појасни објаснувања за одлуките за зголемување на цените, минималните периоди за бришење од листата и решавање на споровите за фактурите, изјави портпаролот на „Амазон.“

Од таму додаваат дека    „Амазон“ ќе продолжи да воведува промени за да обезбеди побрза временска рамка за решавање на повеќе видови финансиски спорови, како и подобрена поддршка за управување со сметките за помалите добавувачи.

 

Извор: Grocery Gazette

Фото: „Амазон“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...