„АБ Инбев“ соопшти дека ќе инвестира 15,5 милони долари во модернизација на својата пиварница во Форт Колинс.
Оваа инвестиција ќе биде искористена за надоградба на линијата на флаширање со цел да се поедностави производството, да се засили синџирот на снабдување, да се зголеми ефикасноста и да се намалт емисиите на гасови, соопштуваат од компанијата.
Трансформацијата на нашата линија за флаширање ќе ни овозможи да бидеме поефикасни во производството на пиво. Со подобрување на инфраструктурата во нашата пиварница исто така ќе се подобрат нашите способности како пиварница и ќе им даде на нашите вработени можност да развијан нови технички вештини и лично да придонесат во иновациите и во растот на комапнија, изјави Тим Сеиц, генерален директор на пиварницата во „Форт Колинс“.
Оваа инвестиција не само што ќе ја поттикне ефикасноста на нашето работење и ќе ги подобри можностите на нашата фабрика, туку ќе овозможи и подобра поддршка на нашите вработени и инвестирање во нивното образование и можностите за развој, изјави Брендан Витвортм извршен директор на компанијата „АБ Инбев“
Оваа пиварница беше отворена во 1988 година и во неа се произведуваат 33 различни брендови на пива.
Извор : FoodBev
Фото: „Аб Инбев“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.