Компанијата „Амазон“ ги најави плановите за инвестирање на 1,2 милијарди евра во своите деловни капацитети во Франција, со што се планираат да бидат отворени над 2.000 работни места.
Инвестицијата има за цел да ја зголеми инфраструктурата во секторот „Клауд“ и употребата на ВИ, како и унапредување на логистичката инфраструктура во регионот, соопштуваат од компанијата.
Дел од инвестицијата ќе биде искористен и за ширење на логистичката мрежа на компанијата во Франција, за да се зголеми испораката и да се намали емисијата на јаглерод.
Во Франција, компанијата „Амазон“ засега има 35 логистички објекти.
Компанијата во моментов во Франција во секторите „Клауд“ и онлајн продажба има вработено над 22.000 лица, а од 2010 година во својата работа во оваа држава има инвестирано над 20 милијарди евра.
Извор: ESM magazine
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.