Свет

Шпанија: Пораст на инфлацијата во април

02 May 2024

Според податоците на шпанскиот Институ за статистика (ИНЕ),  стапката на инфлација во Шпанија, мерена според стандардите на ЕУ, изнесува 3,4 отсто за период од 12 месеци до април, што е пораст во однос на 3,3  годишно отсто измерено до март.

 Овој резултат главно е последина на зголемувањето на цените на гасот, споредено со минатогодишниот април, затоа што владата ги прекина мерките кои ги презеде за ублажување на инфлацијата откако започна војната во Украина.

 Цената на храната пораснала повеќе отколку во истиот перод минатата година, наведува Институтот, а пренесува „Ројтерс“

 Инфлацијата е хармонизирана според стандардите на ЕУ за период од 12 месеци и била повисока од очекуваните 3,3 проценти, колку што предвидувале анкетираните аналитичари.

 Основната инфлација, која ги опфаќа нестабилните цени на свежата храна и енергијата пораснала за 2,9 осто за период од 12 месеци до април, што е помалку отколу 3,3 отсто во претходнит месец, соопштуваат од ИНЕ

 Националниот индекс на потрошувачки цени во Шпанија пораснал за 3,3 осто до април, што претставува пораст во однос на март.

 

 

Извор: Biznis.rs

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...