Свет

САД: „Монделез интернешнл“ ја зголеми годишната прогноза за раст на продажбата

02 Nov 2023

Компанијата ја зголеми годишната прогноза за раст на продажбата и профитот по трет пат годинава, откако ги надмина очекувањата на аналитичарите во третиот квартал.

Нето приходот на компанијата пораснал на 9,03 милијарди долари (8,5 милијарди евра) во третиот квартал, надминувајќи ги прогнозите на алитичарите од 8,83 милијарди долари (8,3 милијарди евра).

Во овој квартал, компанијата ги подигнала цените за речиси 12 процентни поени, но и покрај тоа и натаму бележи раст во обемот за 3,8 процентни поени, сигнализирајќи ја отпорноста ја потрошувачите кон зголемените цени.

„Монделез“ сега предвидува раст на нето приходот за целата година од 14% од 15%, додека пред тоа компанијата го прогнозираше растот на околу 12%.

 Исто така, прехранбениот гитант ја зголеми и својата прогноза за профитот и очекува пораст за 16%, во однос на претходната прогноза од 12%.

После веста за резултатите во третиот квартал, акциите на производителот со седиште во Чикаго пораснале за 2%.

„Монделез Интернешенл“ во октомври ја заврши продажбата на бизнисот со мастики  на групацијата „Перфети Ван Меле“. Компанијата ќе продолжи да управува со бизнисот со мастики надвор од САД, Канада и Европа, со фокус на кинескиот пазар.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...