Свет

„Максима“ го проширува асортиманот на вегански производи

07 Sep 2023

„Максима“ најави дека значително ќе ја зголеми достапноста на вегански производи во својата мрежа на продавници во Латвија.

Како што информираат од компанијата, веганските производи отсега ќе бидат достапни и во продавниците од формат „Максима X“. Дополнително, асортиманот на производи од растително потекло во продавниците „Максима XX“ и „Максима XXX“ е зголемен за речиси 50%.

Сè повеќе забележуваме дека потрошувачите имаат тенденција да вклучуваат повеќе растителни производи во исхраната и бараат алтернативи за вообичаените производи од животинско потекло. Со проширување на палетата на вегански производи, купувачите ќе имаат повеќе можности да прават не само поодржлив избор секој ден, туку и да ги збогатуваат и освежуваат дневните оброци со нови вкусови и богати хранливи материи, соопштуваат од „Максима“ – Латвија.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...