Пејачката и актерка Џенифер Лопез покрена премиум компанија за коктели под називот „Куќата на Дeлола“ (The House of Delola). Компанијата ќе почне со работа во САД и во следните години би требало да се прошири во остатокот од светот.
Брендот Delola им дава слобода на луѓето да уживаат - без сечење, гмечење и мешање, без стрес од забавата, слобода обичните моменти да станат незаборавни. Секој коктел е флаширан во преубаво стаклено шише и е подготвен за послужување. Само ставете мраз - и уживајте. Го почнав ова патување пред две години и многу сум возбудена што ќе го споделам Delolа со светот, изјави Лопез.
Првата линија што компанијата ја лансираше, Delola Spritz, вклучува три видови коктели: L’Orange Spritz со портокал, Paloma Rosa Spritz со грејпфрут и Bella Berry Spritz со бобинки.
Џенифер Лопез е некој што го познаваме и ѝ се восхитуваме како на мултиталентиран уметник и бизнисмен. Луѓето ширум светот ја сакаат од многу причини и ние сме одушевени што ја претставивме Delolа во САД како наш нов партнер, соопштија од компанијата „Глејзер вајн& спиритс“.
Извор: FoodBev
Фото: Delola
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.