Свет

„Меркадона“ ги зголеми платите на сите вработени

09 Jan 2023

Шпанскиот трговец „Меркадона“ одобри зголемување на платите за целата своја работна сила во Шпанија и во Португалија, нагласувајќи дека зголемувањето ќе биде во согласност со официјалната стапка на инфлација забележана во декември. Целта е да се одржи куповната моќ на сите луѓе кои се дел од „Меркадона“, соопшти трговецот. 

„Меркадона“ е најголем трговски синџир во Шпанија по приходи и по пазарен удел. 

Мерката стапува на сила од јануарските плати и важи за повеќе од 96.000 во Шпанија и во Португалија. Зголемувањето нема да се однесува само на основните плати, туку и на додатоците и бонусите. 

Европските трговци се соочија со силни барања од работниците за зголемување на платите за да ја надминат инфлацијата, која достигна кулминација во минатите три децении во многу земји низ Европа, вклучувајќи ги Шпанија и Португалија. 

.

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...