Свет

„Есте Лаудер“ е пред најголемата аквизиција во својата историја

17 Nov 2022

„Есте Лаудер“ е блиску до затворање на договорот за стекнување на „Том Форд“ за околу 2,8 милијарди долари, надоврзувајќи се на долгогодишниот договор за лиценцирање меѓу двете компании. Ова би можело да биде најголемата аквизиција во историјата на козметичкиот гигант.

Компанијата победила на наддавањето за луксузниот моден бренд, кој привлече конкуренција од големи имиња во индустријата како што е „Керинг“. „Фаненшл тајмс“ објави дека договорот би можел да достигне најмалку 3 милијарди долари. Нестабилноста на пазарите и стравувањата од слабеење на економијата се чини дека донекаде влијаеле на цената.

„Том Форд“ е најпознат по својата машка облека, иако продава и женска облека, додатоци и брзорастечка врвна линија на козметика и парфеми. Бизнисот со производи за убавина на „Том Форд“ се смета за т.н ултрапрестиж бренд. „Есте Лаудер“ е особено заинтересиран за овој бизнис, за кој има договор за лиценцирање. Преземањето може да ѝ овозможи на компанијата да таргетира нови категории на производи и подобро да се натпреварува со модните куќи. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...