Свет

Воведувањето на форматот „Амазон фреш“ се реевалуира

06 Oct 2022

Минатата година „Амазон“ ја отвори првата продавница од форматот „Амазон фреш“ во Велика Британија, а во меѓувреме отвори уште 18 низ Лондон.

Сите продавници ја користат технологијата Just Walk Out, при што купувачите ја отвораат апликацијата и го скенираат со нивниот паметен телефон прикажаниот QR-код на автоматскиот премин.

Купувачите во продавницата само ги земаат производите што ги сакаат од полица и ги ставаат во нивната торба. Технологијата за машинско учење во продавницата евидентира кои производи се земени. Кога купувачот ги има сите артикли, тој само излегува од продавницата, а „Амазон“ ги наплаќа по електронски пат.

По лансирањето на првата продавница во Велика Британија, „Амазон“ таргетира стотици нови локации. Но, сега, додека бројот на претплатници во Обединетото Кралство се намалува и има помалку фреквенција во продавниците, трговецот ја зголеми годишната претплата на Prime од 79 на 95 фунти. Среде немирите на работниците во неговите дистрибутивни центри поради малите зголемувања на платите, „Амазон“ почна да ги преиспитува плановите за проширување.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...