Свет

Специјалистот за тартуфи отвора нов производствен погон

06 Jul 2022

Специјалистот за тартуфи и печурки „Лаумонт“ најави планови за изградба на нов производствен погон во Шпанија, откако пријави рекорден промет во последната финансиска година - повеќе од 30 милиони евра, што е зголемување од 30 отсто во однос на годината претходно. 

Новиот објект ќе биде со големина од 4.000 квадратни метри и ќе има најсовремени машини за производство, како и простор во кој посетителите ќе можат да уживаат во искуства поврзани со светот на тартуфите. Се очекува да биде во функција до 2024 година. 

„Лаумонт“, чие седиште е во Шпанија, себе се опишува како референтна точка за печурки и тартуфи во земјата. 

Благодарение на повеќе од 4о години искуство и персонализирани услуги, имаме сопствена мреќа на собирачи на тартуфи, што осигурува секогаш да имаме на располагање производи, и што е најважно, гарантира најголема квалитет на секој поединечен примерок, соопштија од компанијата. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...