Германските производители на пиво стравуваат дека би можеле да се соочат со недостиг на пивски шишиња, делумно поради зголемената цена на енергетски интензивниот процес потребен за нивно производство.
Ќе почувствуваме недостиг најдоцна до лето, изјави Холгер Ајхеле, извршен директор на Здружението на германски пивари, додавајќи дека ситуацијата е екстремно напната.
Покрај трошоците за производство, недостигот на возачи на камиони го отежнува одржувањето на синџирите за снабдување, рече тој.
Пиварите без долгорочни договори треба да платат 80 отсто повеќе за нови стаклени шишиња отколку пред една година, рече Аjхеле, додавајќи дека некои пиварници би можеле да останат без работа бидејќи наскоро може да снема шишиња.
Купувачите во Германија при купувањето плаќаат депозит на стаклени и пластични шишиња, кој се враќа кога шишињата ќе се вратат за повторна употреба.
Недостигот на шишиња главно ги погодил малите и средните пиварници.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.