Свет

„Нестле“ ќе вложува во одржливо одгледување какао

10 Feb 2022

Компанијата „Нестлé“ до 2030 година планира да вложи 1, 25 милијарди евра во проекти за соочување со ризиците од искористување детски труд и зголемување на приходите на одгледувачите на какао.  

Низ овој план, швајцарскиот прехранбен гигант тројно би ги зголемил своите сегашни напори во поглед на одржливо одгледување какао. Со програмата за зголемување на приходите, семејствата кои одгледуваат какао можат да добијат премија до 500 швајцарски франци (480 евра) за првите две години за одредени иницијативи, како што се упис на децата во училиште или спроведување добра земјоделска практика. После две години тој износ ќе се преполови. 

Фармерите нема да бидат наградувани само за количината и квалитетот на своите зрна, туку и за своите напори да ја заштитат животната средина, климата и локалната заедница. 

Нашата цел е да имаме позитивно влијание на се поголем број семејства кои одгледуваат какао, особено во областите каде сиромаштијата е широко распространета, соопштија од компанијата.

Инвестицискиот плат е продолжение на пилот - проектот почнат во 2020 година, кој вклучи околу 1.000 одгледувачи од Брегот на Слоновата коска. Ќе биде проширен на 10.000 произведувачи на какао оваа година, со цел ист проект да биде покренат и во соседна Гана во 2024 година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...