„Рохлик“, чешки онлајн трговец со прехранбени производи, следната година ќе почне со работа во Италија, Томанија и Шпанија под нов бренд Sezamo, соопштија од компанијата.
Сите овие земји користат јазик заснован на латинскиот јазик, па сакавме да користиме збор кој е популарен во сите култури, изјави Јакуб Петрина, директор на секторот за маркетинг.
Компанијата и во иднина ќе работи со своите брендови Rohlik, Kifli, Gurkerl и Knuspr на пазарите во Чешка, Унгарија, Австрија и Германија. Групацијата испорачува повеќе од милион артикли дневно во овие земји, под локални брендови. Има приходи од 328,7 милиони долари оваа година, додека вредноста ѝ се проценува на речиси милијарда долари.
Во првата половина на 2022 година „Рохлик“ ќе почне да испорачува во Милано и во Букурешт, додека во втората половина од следната година ќе се прошири и во Мадрид.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.