Свет

Кинеската влада ќе го гарантира снабдувањето на продавниците со храна

03 Nov 2021

Кинеската влада ќе го гарантира снабдувањето на продавниците со секојдневни животни намирници, вклучувајќи снабдување со месо и со зеленчук и ќе ги стабилизира нивните цени, соопштија од владата во Пекинг. 

Кина ефективно ќе спроведе превентивно прилагодување на владините политики, пренесе Ројтерс. 

Претходно, во вторникот, владата им порача на домаќинствата да направат залихи на храна во случај на вонредни ситуации, откако епидемијата со Ковид - 19 и невообичаено оболните дождови предизвикаа зголемување на цените на зеленчукот и загриженост во поглед на потенцијален недостиг на намирници на пазарот. Кинеското Министерство за трговија издаде соопштение со кое ги повика локалните власти да обезбедат редовно снабдување и стабилни цени и навреме да ги предупредат граѓаните за сите проблеми и прекини во снабдувањето.

Министерството, исто така, ги повика локалните власти да се погрижат луѓето да имаат „соодветно снабдување“ со основни работи оваа зима до следната пролет. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...