Свет

На продажба брендови на „АБ Инбев“

20 Oct 2021

„Аб Инбев“, најголемата пиварница во светот, размислува да продаде некои од своите германски брендови пиво, кои ги поседува со децении, со цел да се раздели со своите помалку профитабилни бизниси и да ги ограничи долговите.

Компанијата ја истражува продажбата на брендовите Franziskaner Weissbier, Hasseroeder и Spaten, а портфолиото би можело да достигне 1 милијарда евра. Пиварницата ги засилува напорите да се фокусира на бизнисот во услови на побарувачка за понови пијалаци, како што се алкохолните газирани пијалаци (радлери). Намалувањето на присуството на Budweiser на германскиот пазар за пиво, исто така, ќе помогне да се намали долгот, акумулиран преку серија аквизиции вклучувајќи го и купувањето на британската пиварница „Саб Милер“ за 100 милијарди долари во 2016 година.

„Аб Инбев“ има 2.000 вработени во Германија, пазар формиран од илјадници мали регионални брендови кои се борат за удел на пазарот. Иако Германија произведува околу една четвртина од сите пива на континентот, таа извезува помалку од пијалокот од Холандија и Белгија. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...