Свет

За 8 отсто ќе порасне светската трговија

01 Apr 2021

Светската трговска организација (СТО) очекува светската трговија со стоки да порасне за осум отсто во 2021 година, по падот од 5,3 отсто во 2020 година.

Растот се очекува да биде четири проценти во 2022 година, се вели во прогнозата на организацијата. 

Во документот се нагласува дека во 2022 година „растот на трговијата веројатно ќе забави на четири проценти”. Во исто време, „вкупната трговија ќе остане под тенденцијата од пред пандемијата”. 

Во октомври 2020 година, СТО прогнозираше пад на светската трговија со стоки од 9,2 проценти до крајот на годината.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...