Свет

Крај на драмата: Ослободен товарниот брод што го блокираше Суецкиот канал

29 Mar 2021

Гигантскиот товарен брод „Евер Гивен“, кој од минатиот вторник го блокираше Суецкиот Канал, е ослободен денеска од спасувачките екипи. 

Бродот успешно е вратен во соодветна положба изутринава во 4.30 часот и моментално е безбеден. 

Но иако спасувачките екипи успеале да го ослободат бродот, се уште не е познато кога Суецкиот Канал ќе биде отворен за сообраќај.

Бродот кој пловеше под знамето на Панама, се заглави минатата недела дијагонално преку јужниот дел на Суецкиот Канал, поради што целосно беше блокиран сообраќајот во еден од најфреквентните водни патишта во светот.

Големиот товарен брод со должина од 400 метри и широчина 59 метри, по ненадејниот налет на песочен ветер кој го наруши неговиот курс, се насука дијагонално во Каналот, на место широко помалку од 300 метри.

Најмалку 369 пловни објекти чекаат транзит низ Каналот, вклучително и десетици бродови за превоз на контејнери, танкери за нафта и бродови кои носат течен природен гас (ЛНГ) и течен нафтен гас (ЛПГ).

Штетата која е причинета со блокирањето на бродот се проценува на милијарди долари. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...