Свет

„Кока кола“ ќе користи шишиња од рециклирана пластика

12 Feb 2021

„Кока кола“ најави дека ќе почне со употреба на шишиња изработени од целосно рециклирана пластика во САД, нејзиниот најголемиот пазар.

Во декември минатата година, активистите ја критикуваа компанијата како една од најголемите загадувачи на животната средина.

Соодветно на тоа, „Кока - кола“ се обврза до 2030 година за секое шише или лименка кои ќе ги продаде да помогне да се соберат и рециклираат иста количина празни амбалажи од пазарот, и ќе ја користи онаа што содржи 50 отсто рециклиран материјал.

Исто така, компанијата прави напори до 2025 година да може да се рециклираат 100 отсто од примарните амбалажи кои ги продава на глобално ниво.

Овој месец, „Кока - кола“ ќе започне со продажба на својот познат пијалок во нови рециклирани шишиња во избрани земји, а до пролетта и во Тексас.

Со префрлувањето на шишиња изработени од целосно рециклирана пластика, компанијата сака да се вклучи во глобалната борба против пластичниот отпад и да го намали јаглерод диоксидот.

Со оваа иницијатива, „Кока - кола“ би ја намалила употребата на нерециклирани пластики за 20 отсто во Северна Америка, во споредба со 2018 година. 

Ја прифативме оваа единствена можност и јасна одговорност да помогнеме во глобалната борба против загадувањето со пластика, рече Алпа Сутарија, потпретседател на компанијата во Северна Америка, пишува „Ројтерс“.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...