Свет

Проширено портфолиото на Cosmia

01 Feb 2021

Малопродажниот трговец „Ошан“ лансира нова линија производи за нега на кожата под сопствениот бренд за хигиена и убавина Cosmia.

Според неодамна спроведеното истражување, дури 54 проценти од Французинките имаат недоверба во составот на козметичките производи. Cosmia нуди природни и транспарентни производи, кои ги намалуваат овие сомнежи, велат од компанијата.

Новата линија производи се спакувани во амбалажа што не содржи пластика, направена е од состојки од одржливи извори и може целосно да се рециклира.

Линијата, која вклучува средства за отстранување шминка (мицеларна вода) и балсам за усни во три различни вкуса, ќе биде достапна во „Ошан“ до крајот на месецов.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...