Свет

„Карфур“ ќе вработи 15.000 млади лица

10 Dec 2020

Францускиот синџир на супермаркети, „Карфур“, планира следната година да вработи 15.000 млади работници во Франција. Секој втор од вработените би требало да биде од сиромашни семејства, најави директорот на компанијата, Александре Бомпард.

На пазарот на труд има околу 750.000 млади годишно. Секогаш им е тешко да пронајдат место за работа. Оваа година, особено за “ковид генерацијата“ е многу тешка. Вратите се затворени бидејќи компаниите се соочуваат со потешкотии, кажа Бомпард.

Вработувањето на 15.000 млади луѓе е за 50 отсто повеќе од досега вообичаената пракса. Понудените вработувања подразбираат и долгорочни договори и пракса.

„Карфур“ вработува 321.000 лица ширум светот, од коишто една третина се во Франција.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...