Свет

„Хелоу фреш“ ја презеде „Фактор 75“

01 Dec 2020

Германската компанија за достава „Хелоу фреш“ ја презеде „Фактор 75“ од Илиноис, специјализирана за достава на здрава храна.

Вредноста на аквизицијата изнесува 232 милиони евра.

„Хелоу фреш“ ја најави аквизицијата непосредно пред објавувањето на резултатите за третиот квартал, кои покажаа промет од над милијарда долари. Со купувањето на „Фактор 75“, германската компанија дополнително ќе ја зацврсти позицијата преку океанот, каде што според квартални резултати, има 5 милиони активни корисници.

Со оглед на тоа што за преземањето е потребна дозвола од американските регулаторни тела и потврда од акционерите на „Фактор 75“, официјалното спојување се очекува да биде во 2021 година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...