Асоцијацијата на производители на приватни трговски марки (Тhe Private Label Manufacturers Association - PLMA) соопшти дека за првпат во историјата на постоењето на оваа организација, саемот „Светот на приватните трговски марки“ ќе се одржи онлајн, од 1 до 4 декември.
Од седиштето на Асоцијацијата појаснија дека морале да ја донесат оваа одлука „поради неодамнешните случувања поврзани со пандемијата и поединечните одлуки на земјите ширум светот кои имаа силно влијание и во Холандија“. Пеги Дејвис, потпретседателка на PLMA, истакна дека по 35 години, ваквата одлука е неопходна:
Го разбираме разочарувањето на нашите членови и на другите учесници, но тоа моравме да го направиме, се гледаме следен пат во нашиот Амстердам, изјави Дејвис.
Повеќе информации за Саемот можете да најдете тука.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.