Регион

„Конзум“ им дава слободен ден на родителите на првачиња

31 Aug 2020

Оваа училишна година во многу работи ќе се разликува од досегашните, но едно ќе остане исто-родителите на првачиња вработени во „Конзум“ ќе бидат со своите деца на првиот училишен ден, соопштија од „Конзум“. 

Од таму велат дека ќе продолжи традицијата во рамки на која сите вработени кои имаат дете што тргнува во прво одделение ќе имаат слободен ден, без разлика на тоа што учебната година ќе почне во нови околности. 

Иако уште не сме сигурни како ќе изгледа новата учебна година, несомнено е дека со првиот училишен ден ги врзуваме своите најубави спомени, полни со веселба, смеа и радост. На колегите кои се родители на првачиња сакаме да им овозможиме на почетокот на новите авантури да бидат со своите деца и така со нив да ги споделат новите искуства и да им ја дадат потребната поддршка на нивниот голем ден, изјави Зоран Митрески, претседател на Управата на „Конзум“. 

Оваа пракса компанијата ја воведе пред 5 години. Досега, слободен ден за првачиња искористија 1.358 вработени. Годинава, ќе го искористат 279 вработени чии 278 деца тргнуваат во прво одделение. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...