Регион

„Краш“ ја зголеми добивката за 15 отсто

24 јул 2020
Наспроти падот на приходите поради глобалната пандемија, групацијата „Краш“ во првата половина од годината работеше со нето-добивка од 13,4 милиони куни, што е за 1,8 милиони или 15 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата година.
 
Како што се наведува во финансискиот извештај што го објави компанијата, вкупните приходи на групацијата „Краш“ достигнаа 453 милиони куни и се за 2,6 отсто помали отколку во истиот период во 2019 година. 
 
Приходите од продажбата беа 427,3 милиони куни, или за 6,6 отсто пониски во споредба со првата половина на ланската година. 
 
Во првите шест месеци од 2020 година, добивката пред оданочување е 15 милиони куни, или 8 отсто повеќе во споредба со годината претходно, додека нето-добивката изнесува 13,4 милиони куни. 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...