Регион

Шарановиќ го помина прагот од 30 отсто удел во „Краш“

08 Jul 2020

Кипарската групација „Капа Стар Лимитед“ го зголеми уделот во „Краш“ на преку 30 отсто.

Компанијата го помина прагот од 30 отсто на 30 јуни годинава и сега поседува 449.602 акции на „Краш“, односно, има 30,01 отсто удел. 

„Капа Стар Лимитед“ е регистрирана во Никозија, Кипар, а нејзин сопственик е српскиот бизнисмен ​Небојша Шарановиќ. Најголем сопственик на „Краш“, пак, и натаму останува месната индустрија „Браќа Пивац“ која има 52,82 отсто удел, односно поседува 791.640 акции. 

Во првото тримесечие од годинава, „Краш“ оствари нето добивка од 7,3 милиони куни, што е пораст од 1,9 милиони куни во споредба со истиот период минатата година. Во првите три месеци компанијата оствари 215,5 милиони куни вкупни приходи, при што приходите од продажбата изнесуваа 213,8 милиони куни. 

Хрватските медиуми го нарекуваат Шарановиќ и „крал на хартијата“, бидејќи поседува три фабрики за хартиени производи. Тој го прошири бизнисот и во кондиторската индустрија. Неговата групација на Балканот е позната по кексите „Јафа“.  

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...