Старата машина за хартија во словенечката фабрика „Палома“ е демонтирана и заменета со нова, технолошки понапредна.
Како што истакнуваат од компанијата, ова е најголемата инвестиција во словенечката индустрија за хартиена галантерија во последните 40 години. Новата машина ќе го модернизира производството и ќе придонесе за зголемена работна ефикасност и одржливост на работењето на „Палома“.
Јарослав Фиц, извршен директор на компанијата, изјави дека новата машина за хартија ќе го зголеми производствениот капацитет на 90.000 тони годишно, како резултат на брзината и поголемата широчина на ролните: Освен тоа, ќе го подобриме и квалитетот на хартијата и на готовите производи, а ќе ги намалиме и оперативните ризици.
Стеван Ломиќ, технички директор на „СХП груп“ и член на одборот на „Палома“, вели дека поради коронавирусот бил променет распоредот за производство, но, сега, компанијата продолжува со полна брзина. Според него, новата машина, која има производствена брзина до 2.000 метри во минута, ќе биде лансирана на средината од октомври.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.