Регион

Словенија: Вработените во „Хофер“ ќе добијат двојно поголем регрес

12 Jun 2020

Вработените во трговскиот синџир „Хофер“ во Словенија ќе добијат двапати поголем регрес во 2020 година, најавија од Управата. 

Регресот ќе изнесува по 1.700 евра, ќе го добијат речиси 2.000 вработени кон средината на јуни, заедно со мајската плата. 

Вработените во „Хофер“ ја добија оваа информација заедно со податокот за рекордно зголемување на платата кон крајот на минатата година. Во овој трговски синџир платите и претходно беа над просечните во индустријата, но од јануари 2020 им се зголемени за 18 отсто. 

Ова е најголем пораст на платите во историјата на компанијата, соопштија од „Хофер“. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...