Регион

Малверзации во Словенија со државната помош за економијата

09 Jun 2020

Во Словенија се откриени повеќе злоупотреби на државната помош за компаниите погодени од пандемијата на коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Од Центарот за работни советници, објавија дека некој работодавачи прават малверзации со делот до помошта која се однесува за работниците кои поради намалениот обем на работа се испратени дома.

Откриено е дека некои компании водат двојна евиденција за работното време на работниците испратени дома и кои имаат обврска да работат само неколку часа неделно.

Имено, и покрај тоа што тие се пријавени дека се дома, во реалноста тие работат редовно, а тоа се прави со цел работодавците ја добијат државната финансиска помош. Вакви случаи има пред се во информатичката индустрија и во секторите каде е можно работа од дома.

За жал очекуваме ваква злоупотреба и со субвенциите за скратено работно време. Кој ќе има време да врши надзор и да проверува колку реално работат луѓето? Некои работодавци ќе бидат среќни да ги искористат субвенциите од државата изигрувајќи го работното време. Има голем број компании за кои уште сега знаеме како ќе постапат и ќе ги изиграат правилата, изјави Горан Лукиќ од Центарот за работни советници.

Инаку, на инспекторатот му е тешко да открие кој работник колку часа реално работи, бидејќи и при изигрувањето на правилата документацијата и евиденцијата каи компаниите е направена според сите законски прописи.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...