Трговијата и малопродажбата е најдобро оценета индустрија во Хрватска, покажува истражувањето на агенцијата „Ипсос“. Вкупно 73 отсто испитаници на оваа индустрија ѝ дадоа оценка 4 или 5, а само шест отсто испитаници ја оценија со 1.
Притоа, „Подравка“, „Римак Автомобили“, „Ина“, „Атлантик група“ и „Краш“ се најдобри компании во Хрватска според резултатитге од истражувањето. Испитаниците во истражувањето требаше самостојно да наведат која хрватска компанија ја сметаат за најдобра.
„Подравка“ како најдобра компанија ја наведоа 17 отсто испитаници, „Атланти група“ 6 отсто, а „Краш“, 5 отсто. Истражувањето е спроведено на примерок од 792 испитаници од општата популација на Хрватска, со користен CATI метод ( компјутерско потпомогнато телефонско истражување).
Истото истражување беше спроведено и во 2016 година, кога испитаниците исто така ја прогласија „Подравка“ за најдобра. Од останатите компании од тогашната топ листа ниту една не се појавува во овогодинешниот избор. Тоа се „Кончар“, „Агрокор“, „Плива“ и „Конзум“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.