Компанијата „Супер Веро“ на здравствените работници им дава приоритет при влегувањето и купувањето, практика што ќе остане до завршувањето на вонредната состојба.
Оваа одлука веќе се спроведува, а од „Супер Веро“ им порачуваат на здравствените работници веднаш по доаѓањето во кој било маркет, да се обратат кај луѓето од обезбедување и да покажат легитимација, врз основа на која ќе им биде дозволено влегување, без да чекаат во ред. Откако ќе ги земат потребните производи, здравствените работници е потребно да се јават на информативниот пулт, од каде што некој од вработените ќе ги испрати до каса за да платат.
Повеќе од еден месец здравствените работници се на првата линија на огнот. Тие се грижат за здравјето на заболените од Ковид-19, а истовремено и непрекинато го едуцираат населението за мерките за первенција и заштита. Без приговори, без работно време и без одмор – тие станаа херои на нацијата. Иако во овие моменти се издвојуваат од другите граѓани, сепак не смееме да заборавиле дека и тие се нечии деца, пријатели и соседи, но пред сè – луѓе со сопствени животни потреби, истакнуваат од „Супер Веро“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.