„Конзум“ почна со примена на помошната услуга Pokupi која на купувачите им овозможува нарачаните производи да ги преземат од продавниците.
Услугата претставува една од одговорите на трговецот на зголемениот интерес за онлајн-купување, кое во последните неколку недели е зголемено за десет пати.
Купувачот преку е-продавницата треба да ја избере оваа опција, да ги избере производите, по што следува изборот на локација и време од каде може да ги преземе производите.
На овој начин, единствениот тргвоски синџир во Хрватска кој има сопствена интернет-продавница им овозможува на уште поголем број купувачи да ги нарачаат потребните производи.
Даваме сè од себе да на што е можно повеќе купувачи им овозможиме купување преку нашата онлајн-продавница. Нашите магацини и продавници се добро снабдени и подготвени за продолжување на поголемиот интерес за овој начин на пазарење. Ги замолувам купувачите да избираат производи во износ над 1.000 куни за нарачката да им биде побрзо доставена, истакна Славко Ледиќ, претседател на Управата на „Конзум“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.